3D

3Д Архитектонско Моделирање, Визуелизирање, Рендерирање и анимација

Во Тотал Медиа Продукција ви нудиме високо квалитетни услуги за 3Д обработка и рендеирање. Посветеноста на квалитетот ни дава можност да продолжиме да им служиме на потребите на меѓународниот пазар.

3Д сликите кои ги креираме вклучуваат високо ниво на детали при моделирањето, рендерирање, текстурирање, а исто така ги покажуваат и светлосните ефекти т.е. сончевата светлина/вештачка светлина/сенки.

Главната цел е да се креира брз, ефективен и економичен медиум за комуникација со сите. Еден AVI, MPEG или MOVIE фајл може да биде лесно изработен и споделен од страна на целата група која работи на развој на производите. Исто така може да се искористи како ефективна презентациска алатка.

Опфаќајќи го дизајнот на производот од сите агли и во движење, можеме да ви претставиме како ќе изгледа и работи новиот производ толку едноставно за да може да разбере секој. Walk-through нуди поглед од секој агол давајќи им една реалистична димензија на веќе конструиран или дури само замислен простор. Креираме Walk-through видео кое ги покажува користените материјали, внатрешното осветлување, уредувањето, природното осветлување и објектите во движење. Имаме искусен тим кој е способен вашите идеи и концепти да ги претвори во речиси секаква анимација.

Специјализирани сме во:
  • • производно рендерирање
  • • производна презентација
  • • рендерирање на внатрешно уредување
  • • рендерирање на надворешно уредување
  • • концептуални прошетки (walk-through)
  • • рендерирање на логоа
Побарајте бесплатна понуда