Графички дизајн & Принт

Нашите услуги се базираат на креативни и оригинални концепти и идеи со кои постигнуваме исклучителни резултати. Ви ја овозможуваме најдобрата услуга и уникатни производи по цени кои можете да си ги дозволите. Нашиот тим е секогаш подготвен да работи на вашите дизајни!

Тотал Медиа Продукција ќе ви помогне да бидете забележани и да се издвоите од конкурентите.

Вашиот корпоративен идентитет е најважната алатка во стекнувањето на свесност и препознавање на вашиот бизнис. Добро дизајнираното лого треба да биде репрезентација на вашиот бизнис идентитет кое лесно се памети. Тоа во себе го содржи кредибилитетот и лојалноста на вашиот бизнис, затоа е важно уште во зачетокот дизајнот на вашето лого да биде совршен.

Рекламирање - Флаери - Брошури - Каталози

Флаерите се евтин и фантастичен начин да се стекнете со клиенти локално. Можеме за вас да дизајнираме еднострани, двострани флаери, флаери на превиткување, како и флаери во посебни облици и големини – што и да сакате да дизајнираме, ние сме тука за вас. Подготвени сме дури да договориме и достава и делење за вашите флаери. Специјализирани сме и за реклами во весници, магацини, како и дизајн за социјални медиуми, Facebook и Twitter.

Брошурите играат голема улога во рекламирањето на вашите производи и услуги. Кога е правилно дизајнирана, брошурата ќе го привлече вниманието на вашиот таргетиран пазар на еден интересен и информативен начин. Добро дизајнираните реклами за магацини или весници и веб страници ќе ви помогнат да се издвоите од конкуренцијата. Барањата на агенциите и нашите клиенти за нас се секогаш предизвик. Контактирајте нѐ уште денес и добијте ја вашата бесплатна понуда.

Највисок квалитет на печатење

Постери, флаери, стикери, огласни табли, банери, најразлични материјали за вашиот бизнис – сè што може да биде испечатено, ние ќе го испечатиме за вас. Брзо, сигурно и со највисок степен на прецизност и квалитет. Ви препорачуваме хартија со соодветен квалитет и процес на печатење во зависност од вашите барања. Не постои ништо што не можеме да ви направиме.

Партнери на кои можете да се потпрете

Имаме воспоставено ексклузивни партнерства со одбрани печатници, осигурувајќи на тој начин веродостојна соработка и процес на печатење за вашите производи. Без разлика на обемот, без разлика на тоа дали се необични креации или посебно нарачани предмети, сѐ оди во согласност со планот и тоа во најкусата можна временска рамка а со одличен квалитет. Искористете ги бенефициите и попустите кои ние ги уживаме кај нашите партнери. Со задоволство ве очекуваме!

Побарајте бесплатна понуда