Зошто Тотал Медиа Продукција?

Ние сме компанија која се прилагодува на клиентите и им доставува персонализирано искуство во зависност од нивните потреби.

Тотал Медиа Продукција е заинтересирана за вашите професионални вештини и лични квалитети. Ве покануваме да го споделите вашето уникатно искуство со нас.


Ние нудиме огромна флексибилност на сите нивоа. Ви доделуваме проекти со кои ќе се чувствувате задоволни и кои се доволно предизвикувачки за да работите на нив со страст. Секогаш се грижиме за тоа да се чувствувате задоволни од вашата работа и за таа цел ви нудиме флексибилно работно време, како индивидуално, така и на ниво на целиот тим.

    Тотал Медиа Продукција ви нуди:
  • • пријателска работна атмосфера
  • • флексибилно работно време
  • • професионално менторство
  • • изградба на кариера
  • • дополнително образование и курсеви


Ние ги прилагодуваме условите кон вашите потреби!


Соработник за продажба

Вистинскиот тим лидер разбира како функционира еден тим и знае да створи хармонична атмосфера преку поврзување на луѓето едни со други. Ние сме во потрага по менаџери за продажба кои поседуваат високи стандарди за своите резултати и постојана желба за нови остварувања. Накратко, сакаме да вработиме вистински лидери кои ги разбираат потребите на нашите клиенти и нашата организација и кои лесно се прилагодуваат на ситуацијата.


Опис на работното место


Менаџерот за продажба управува со продажбата на производите и услугите на Тотал Медиа Продукција во рамките на определено географско подрачје. Тој го осигурува постојаниот, профитабилен раст на приходите од продажбата преку позитивно планирање и управување со продажниот персонал. Менаџерот за продажба ги идентификува целите, стратегиите и акционите планови за да ги подобри краткорочните и долгорочните продажби и заработки.


Работни должности


    Планирање на продажната стратегија


  • • Развива посебни планови за да го обезбеди растот на приходот од сите производи на компанијата.
  • • Соработува со Менаџментот во поставувањето реални продажни цели за компанијата.
  • • Соработува со Менаџментот во контролирањето на буџетот и трошоците за продажната промоција.
  • • Ги координира ресурсите на компанијата за да осигура ефикасни и стабилни продажни резултати.

    Имплементација на директна продажба


  • • Управува со доделеното продажно географско подрачје за да ги зголеми приходите од продажбата и да ги оствари целите на компанијата.
  • • Извршува продажни активности со клиентите и ги преговара продажните цени консултирајќи го Менаџментот или Шефот на продажба.
  • • Му помага на продажниот персонал да воспостави личен контакт со клиентите одговорни за донесување одлуки.

    Анализа


  • • Обезбедува преглед на кварталните резултати остварени од продажниот персонал.
  • • Ги интерпретира краткорочните и долгорочните ефекти од продажните стратегии врз профитот.

    Администрација


  • • Редовно одржува состаноци со Менаџментот, продажниот персонал и ги забележува најглавните точки.

    Професионален развој


  • • Го подобрува своето знаење преку воспоставување на програми/семинари во областите на продажбата и растот, продажбата на нови производи, профитабилноста, презентацијата на стратегии, конкурентните стратегии, унапредување на нивото на продажна поддршка, управување со трошоците и бизнис/финансиски прашања на продажните договори.


Потребни квалификации


  • - Соодветна универзитетска диплома или нејзин еквивалент – комбинација од формално и неформално образование и искуство
  • - Аналитички способности и способности за решавање на проблеми, потребни заради проценка на продажните резултати и пазарните трендови.
  • - Искуство во развивање маркетинг и продажни стратегии.
  • - Одлични усмени и пишани комуникациски вештини.

Бараме соработници за продажба во следните земји:

  • - Швајцарија
    • - Германија
    • - Австрија
    • - Англија
    • - Канада

    Испратете ни ги вашите податоци.

    Име
    E-Mail
    Веб-Сајт
    Phone
    Прикачете CV
    Зошто сте заинтересирани за ова работно место:

Програмер


Опис на работното место

Ние сме во потрага по веб програмери со добри технички и дизајнерски вештини, како и со способност да се справат со повеќе задачи истовремено. Како членови на развојниот тим нивната работа ќе биде да создаваат нови веб-страни користејќи HTML и CSS, JavaScript и PHP. Тие ќе бидат одговорен за темелно тестирање на различни интернет пребарувачи. Од нив се очекува да бидат во можност да работат и обезбедуваат креативни решенија за различни интерактивни проекти, вклучувајќи: веб портали, апликации, мобилни сајтови, социјални медиуми, итн.


Работни должности


  • - Дизајн и имплементација на веб-страни, апликации и интерфејси
  • - Одржување и подобрување на веб апликации и сите внатрешни системи
  • - Планирање, документирање и тестирање на сите веб-базирани апликации
  • - Решавање на проблемите на системите на клиентите

Потребни квалификации


  • - Искуство во кодирање со HTML/CSS/PHP во професионална средина
  • - Искуство во работа со JavaScript и jQuery
  • - Искуство во Template engine/framework
  • - Одлично разбирање на PHP
  • - Онлајн портфолио кое прикажува примери од кодирање и дизајн
  • - Способност за развивање висок степен на точност и внимание кон детали
  • - Желба да иновира и постојано да се подобрува и надградува

Испратете ни ги вашите податоци.

Име
E-Mail
Веб-Сајт
Phone
Прикачете CV
Зошто сте заинтересирани за ова работно место: