Програмирање

Освен JavaScript, PHP е она што му носи динамика на вашата бизнис страница. PHP функционира преку бази на податоци кои од вашата веб страница ќе направат корисна веб алатка која вашиот бизнис ќе умее да ја цени. Тоа ви овозможува цела низа функционалности и вистински ја прави вашата веб страна корисна, а не само место на кое луѓето може да го видат вашето лого или услугите кои ги нудите, или пак работното време!

Еве дел од PHP услугите кои ви ги нудиме:

  • • професионално PHP кодирање
  • CodeIgniter PHP 5 програмирање
  • • Објектно ориентирано програмирање (ООП)
  • • MySQL 5 бази на податоци
  • • Собирање, внесување на податоци во базата и нивна обработка
  • • Динамичко генерирање на содржини
  • • Испраќање/примање “колачиња”
  • • Server-side scripting
  • • Command line scripting
  • • и многу повеќе

Ако на вашата компанија ѝ е потребен софтверска апликација изработен во PHP

ние сме подготвени да ви помогнеме со нашето професионално искуство

и програмерски вештини.

Контактирајте нè уште денес за да го дискутираме вашиот проект или идеја.

Управување со бази на податоци

Не смеете да ризикувате со управувањето на вашите бази на податоци во компанијата. За многумина, вработувањето соодветен технички кадар е тешко и скапо, а управувањето со бази на податоци вклучува комплексни операции.

Токму овде може да ви помогне Тотал Медиа Продукција. Нашот тим од сертифицирани експерти за бази на податоци посветено се грижи за тоа за да може вие да бидете безгржни при одржувањето, оптимизацијата и решавањето на настанатите проблеми.

Развој на CRM – скроен по ваша мерка

Тотал Медиа Продукција дизајнира и развива Customer Relationship Management системи кои им помагаат на најразличните бизниси да ги управуваат врските кои ги имаат воспоставено како со постојните така и со потенцијалните клиенти. Еден добар CRM систем ќе ги преструктуира вашите бизнис процеси за да може да привлечат нови клиенти како и да се зголеми задоволството на постојните. Со тоа што бизнисите препознаваат дека ефикасната услуга на потрошувачите е клучен фактор во привлекувањето и задржувањето на клиентите, тие имплементираат CRM технологии за да го подобрат целокупното потрошувачко искуство, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на вработените и минимизирајќи ги трошоците.

Многу наши клиенти имаат пробано CRM алатки кои биле креирани за широк спектар на корисници. Додека овие решенија овозможуваат многу придобивки, честопати се многу покомплицирани и неадаптирани кон потребите на клиентите.

Тука настапуваме ние

Една од вештините која нè разликува од нашите конкуренти е можноста да ги разбереме уникатните бизнис модели и процеси на нашите клиенти и да создадеме решенија прилагодени на нивните потреби. Со тоа ние ви нудиме:

  • - јазик и терминологија специфични за индустриите на нашите клиенти
  • - информации кои им се важни на нашите клиенти (не ви покажуваме полиња кои не ве интересираат)
  • - креирање на репорти и статистки кои содржат интегрални информации
  • - интегрирање на алатки за важни нотификации и/или е-маил потсетници
  • - овозможување пермисии и работни текови
  • - намалување на времето потребно за обука
  • - намалување на трошоците

Тотал Медиа Продукција развива CRM системи прилагодени според вашите потреби кои ви овозможуваат ефективно управување со повеќе аспекти од бизнис процесите на вашата компанија.

Побарајте бесплатна понуда