Видео & Мултимедија

Во Тотал Медиа Продукција, ние најпрво внимателно ги слушаме потребите и интересите на нашите клиенти, а потоа изнаоѓаме начин да ги реализираме барањата во рамките на определениот буџет. Ќе ви изработиме професионална видео презентација спремна за пазарот со која ќе се гордеете и вие и вашите клиенти. Тотал Медиа Продукција ќе ви помогне да му го покажете вашиот производ на бизнис светот.

Нашиот тим од талентирани видео продуценти, аниматори, монтери и 3Д уметници успешно имаат остварено целосен опсег на видео и анимациски проекти, илустративни инфографики, графика во движење и фотореалистични виртуелни 3Д анимации.

Наша цел со секој нов проект е да го ослободиме целосниот потенцијал на секоја идеја, производ или бизнис на кој работиме. Секојдневно ни доаѓаат клиенти со предизвикувачки нови концепти а ние сме горди да го преточиме тој потенцијал од секоја идеја во успешна приказна. Без разлика дали се работи за производ или бизнис кој е тешко да се објасни, правиме сѐ што е во наша можност да го преточиме секој концепт во едноставна порака која е лесно разбирлива и емоционално се поврзува со клиентите.

Ако сакате да креирате корпоративни видеа, реклама за Веб или ТВ реклама која ќе ја каже вашата приказна за вашата компанија и ги мотивира вашите клиенти да преземат акција, тогаш... ајде да работиме заедно.

  • • видео анимации
  • • корпоративни презентациски видеа (компании и производи)
  • • VFX & Пост продукција
  • • интерактивни презентации
Побарајте бесплатна понуда